ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/6/21 7:53 AM

„Се циганчи за еден грош“, „циганшталак“: Ако не ги тргнете ќе ги дигнам сите Роми, ја навредувате цела популација

По повод Денот на македонскиот јазик, Владата вчера го промовираше Дигиталниот Толковен речник, кој е достапен на платформата makedonski.gov.mk.  Токму ова предизвика големи реакции од Ромите и ромските здруженија за одредени толкувања и објаснувања на зборови, па Владата реши да ги тргне од  речникот.

Според реакцијата станува збор за зборовите Циганче, поцигани, циганчи се, циганштилак, за кои сметаат дека ја навредуваат ромската попуплација во Македонија.

Со новиот дигитален речник Ромите добија дигитализација на навредите и антициганизмот
Денеска Владата на РМ ја…

Posted by Gege Demirovski on Wednesday, May 5, 2021

 

-Со новиот дигитален речник Ромите добија дигитализација на навредите и антициганизмот. Денеска Владата на РМ ја промовираше веб-платформата www.makedonski.gov.mk. Дигиталниот Толковен речник соджи 100.000 зборови межу кои циганче, поцигани, циганчи се, циганштија и циганшталак. Имате рок за 24 часа да ги тргнете, доколку не се трга ќе ги дигнам Ромите од цела Македонија и цела Европа. НПР бара итно да се повлечат тие грди зборови кон моите Роми, ние сме Роми, напиша на својот Фејсбук профил Геге Демировски, претседател на Народната партија на Ромите.

Реагираа и од здружението Аваја.

„Овој нов или дигитализиран речник ја повторува истата грешка на веќе постоечките речници кои треба да се предмет на реформирање. Бараме овие зборови да бидат тргнати од дигиталниот речник, реагираа вчера од здружението Аваја.

А еве како се објаснуваат овие, како што велат Ромите, навредливи зборови:

Циганчи се – појаснува скржавост од предрасуди како особина на Циган. Се циганчи за еден грош.

Циганштилак – скржавост, ситничавост. Му пречеше неговиот циганштилак, стои во речникот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7