ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/5/21 9:25 PM

Бизарна традиција на Бил Гејтс: Секоја година со бившата оди на одмор, а од неа барал и дозвола да се ожени со Мелинда

Откако се оженил со Мелинда, Бил Гејтс секоја година поминувал долг викенд во удобна колиба на плажа во Северна Калифорнија – со својата поранешна девојка.

Милијардерот и основач на Мајкрософт се погрижил бизарниот договор да биде дел од договорот кога се оженил со Мелинда Френч во 1994 година, рекол за магазинот „Time“ во 1997 година.

-Можевме да играме видео игри додека разговараме за биотехнологија, рекол Гејтс за бегството со поранешната девојка Ен Винблад.

Гејтс дури и побарал одобрение од Ен пред да ја запроси својата сопруга.

-Кога размислував да се оженам со Мелинда, и се јавив на Ен и ја прашав за одобрение, рекол Гејтс, додавајќи дека Винблад покажала „дигнат палец“.

-Реков дека ми одговара бидејќи има интелектуална сила, рекла Ен.

Гејтс, кој со Мелинда во понеделникот на Твитер објави дека се разведува после 27 години брак, открил дека тој и неговата поранешна девојка Ен почнале еднаш годишно да одат на одмор кога почнале да се забавуваат во 1984 година.

Се запознале на компјутерска конференција. Блискиот пар продолжил да оди заедно на одмор и после разделбата во 1987 година, кога Винблад (70) која е пет години постара од Гејтс, наводно била спремна да се смири.

На тоа патување уживале во возењето и шетањето по плажите.

-Разменуваме мисли за светот и за нас, рекла Ен.

Гејтс за време на интервјуто во канцеларијата сеуште имал фотографија од поранешната девојка и од неговиот пат за Германија. Меѓу ретките фотографии во неговата работна просторија се наоѓале и фотографија од Мелинда и пријателите од патот во Индонезија во 1995 година.

Извор: Телеграф.рс/Фото: Profimedia

Преведено:М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7