ММС

Објавено на: 05/6/21 7:03 PM

Ја сум најбогатиот човек, а богатство е да уживаш покрај саканите – Пејачот Маријан Стојановски ужива во татковството и семејните вредности

Поп пејачот Марјан Стојановски долго време апстинира од музичката сцена, но затоа, пак, е активен во улогата на татко.  Затоа минатата година за многумина беше пропуштена и лоша, но за Стојаноски најсреќна – стана татко на прекрасната принцеза Вероника. Тој за ММС открива како ужива во семејниот живот и колку улогата на татко му годи, но и открива дали повторно ќе се врати на музичката сцена.

– Да ме немаше подолг период, но сега почнувам да пишувам песни за себе, работам моментално на тоа, па можеби повторно ќе застанам на музичката сцена. Но, сепак, кога би морал да бирам би ја одбрал Македонската опера и балет, тоа е благородна работа. За мене аплаузот е најголема награда. Таму е друг свет, фин културен, за разлика од естрадата, вели Стојаноски

Марјан вели дека откако се оствари во улогата на родител светот го гледа со поинакви очи. Кај него сега приматот го зема ќеркичката, за која вели дека супер се снашол во грижата за наследничката.

– Добро се снаоѓам. Имав среќа партнерката ми е совршена. Ми подари ќерка, и сега таа ми е најважна на целиот свет. Другото се паѓа во вода.  Јас се сметам за одличен татко и се трудам да ја учам ќерка ми на моралните вредности, вели тој и додава:

– За мојата ќеркичка Вероника правам се и тоа го правам со големо задоволство. Научив да менувам пелени, да ја бањам, да и подготвам млеко, се како треба. Навистина ми е убаво и уживам. Знаеш како се чувствувам? Јас сум најбогатиот човек, а богатството е да сме живи и здрави и да сме си со саканите. Научив многу и навистина и помагам на мојата сопруга,  со задоволство раскажува Марјан и открива дека и покај тоа што Вероника е мала можно е да биде наследничка на тато.

– Вероника уште од сега ја сака музиката. Искрено би се потрудил да и ја покажам музиката, но сепак ќе оставам изборот да биде нејзин. Јас би сакал да се занимава со оперска музика.

Сите уметнички настани беа одложени поради пандемијата, умениците подолг период беа без престави и настапи, па така и во МОБ каде Мријан е вработен вели дека настапите се редуцирани со ограничен број на публика.

– Ситуацијата и во МОБ е иста како и на естрадата, сега имаме настапи, но редуцирани со ограничен број на публика, пееме со маски како што и ни налагаат пропишаните мерки поради пандемијата со Ковид -19, рече Марјан.

Весна Петровска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.