ММС

Објавено на: 05/5/21 10:20 AM

Лажат тие што велат дека на грчките плажи ќе се носат маски, тврдат српските туроператори

Информациите дека ќе се носат маски на грчките плажи, благо речено, се злонамерни, а кој и да ги изнесе шири дезинформации. Ова за Курир.рс го вели Милош Јововиќ, директор на агенција по повод невистинити гласини, кои можеа да се слушнат во изминатите неколку дена!

– Александар Сениќиќ убаво рече дека не е точно дека се носат маски на грчките плажи. И ќе бидам помек, ќе кажам дека лаже секој што изговара ваква невистина – забележува Јововиќ.

– Нормално е дека секоја земја има мерки како нашата, на кои сме навикнати. Грците ги почитуваат, како и ние тука, како што се маски во кафулиња. Грција нормално тестира најмногу луѓе секој ден, а секој туристички работник кој е во контакт со гостите мора да направи или брз тест или вакцина за да може да работи – објаснува соговорникот.

Јововиќ препорачува да ја копираме оваа мерка од Грците, бидејќи туристите се чувствуваат подобро и не размислуваат за корона.

– Минатата година молчевме за сè затоа што не работеа сите хотели, а оваа година мора да ги почитуваме патниците. Затоа мора да прашаме како земјите што немаат мерки против корона и во кои нема вакцина воопшто ќе ги промовираат своите дестинации – заклучува соговорникот на курир.рс.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.