ММС

Објавено на: 05/5/21 8:48 AM

Во Грција од денеска започнува бесплатно самотестирање

Од денеска во Грција ќе биде овозможено бесплатно самотестирање за наставниците, учениците, студентите и административните работници во основните и средните училишта и на факултетите.

Од 10. мај бесплатно тестирање ќе биде овозможено и за вработените во јавниот и приватниот сектор.

Самотестирањето ќе се врши еднаш неделно, пред доаѓање на работа, а резултатот ќе биде валиден една недела.

Тестовите ќе може да се преземаат од аптеките со лична карта или со картичка за социјално осигурување.

 

извор: политика.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.