ММС

Објавено на: 05/5/21 7:59 AM

Продолжено времето за лаф-муабет со дистанца на тераса

Владата донесе одлука  полицискиот час од денеска да започнува од 23, а ќе трае до пет часот. Угостителските објекти од денеска  ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, односно тераси.

Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Од ЈСП соопштија дека од денеска јавниот превоз ќе сообраќа до 23 часот.

Ублажувањето на рестрикциите следува по неколкудневното стивнување на епидемијата. Намален е бројот на навозаболени, хоспитализирани и починати.

Според последните податоци, во земјава се активни 13169 случаи на заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 152814 заразени со Ковид-19, оздравеа 134653, а починаа 4992 лица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.