ММС

Објавено на: 05/4/21 10:40 PM

Љубовен триаголник: Бившата на Аца Лукас се смирила со бившиот маж

Пејачот Жељко Шашиќ (51) вели дека ретко се гледа со луѓето и колегите откако почнала пандемијата со коронавирусот, а сега раскажал дека се смирил со бившата сопруга Соња Вуксановиќ и дека после многу години ги обновиле контактите.

-Соња и јас се разведовме пред повеќе од десет години и сешто се пишуваше на оваа тема. Едно време не бевме во контакт, не комунициравме, просто за тоа немаше потреба. Сега се смиривме, можете и да и се јавитте и да ја поздравите од мене. Иако, верувам дека таа ќе лаже и ќе каже дека не е вистина. Секогаш можам да седнам на пијалак со неа, никогаш немав таков проблем. Бившите сопружници секогаш треба да бидат во добри односи, не гледам причина да не биде така. Секако на мојот емотивен план нешто друго се случува, секогаш има некоја акција, се е во ред, не треба да се грижите, рекол Жељко низ смеа.

После зборовите на Жељко, Аца Лукас рекол дека го шокирале изјавите на некогашниот добар колега и кум, па рекол дека не му е јасно зошто Жељко ја поздравува Соња и зборува дека се во добри односи.

-Жељко е смешен, тој е је***е, збинет целосно, пукнал начисто. Зошто Соња би криела од мене дека се смирила со него? И се јавив да и кажам што рече, таа рече дека ќе ми фрли бомба. Морав да и се јавам и да и го упропастам денот, знам дека околу такви работи се нервира кога ќе и ги споменам бившите, рекол Аца за српски Телеграф, и додал:

-Не е толку страшно тоа што го раскажа Жељко. И јас не зборувам со Соња за тоа дали сум сам или во контакт со моите бивши сопруги и девојки. Што има тоа нејзе да ја интересира, жената гледа своја работа. Нормално е таа и Жељко да останат во контакт, бивши сопружници се, не е страшно, иако веројатно би знал ако се гледаат. Сето ова ми е малку смешно.

Соња ги демантирала овие наводи:

-Со Жељко долго не сум се слушнала и видела. Мора да ме помешал со друга Соња, рекла на кратко Вуксановиќ.

Извор: Блиц.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.