ММС

Објавено на: 05/4/21 9:27 PM

Драма во Вељуса – полицијата со димни бомби апсеше жител кој прободел соселанец и се затворил дома

Денеска во селото Вељуса се одвивала вистинска драма, откако Д.Г. го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К., па се затворил во својот дом, а полицијата морала да употреби димни бомби за да го уапси.

Попладнево околу 18 часот полицијата го лиши од слобода Д.Г. од селото Вељуса, откако денеска во 08:15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.

Осомничениот, откако дошла полицијата да го расчисти случајот, се затворил во својот дом и по десет часови убедување и преземање мерки, Д.Г. е приведен и се наоѓа во Полициската станица во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, го потврди настанот и приведувањето на осомничениот и додаде дека во текот на утрешниот ден полицијата ќе соопшти повеќе детали.

Според информации на МИА од очевидци од селото Вељуса осомничениот е уапсен откако полицијата употребила димни бомби.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1