ММС

Објавено на: 05/4/21 9:20 PM

Спајс Грлс најавуваат враќање на сцената без една членка?

Пред две години Спајс Грлс се вратија на сцената, а сега размислуваат за враќање и на филмското платно.

-Девојките размислувале како да ја одбележат 25. Годишнината од филмот „Spice World“ од 1997 година, па дошле на идеја да снимат продолжение. Зборувале со сценаристот кој сега размислува за целиот проект, што значи дека е сериозна работата, рекол изворот од филмската индустрија, пишува The Sun.

Оригиналниот филм со Мел Б., Мел Ц., Ема Бунтон, Гери Хорнер и Викторија Бекам имал и ѕвезди како што се Елтон Џон, Ричард Е.Грант, Меат Лоаф и други, со што и за продолжението се во план големи имиња. Филмот имал голема заработка, покрај лошите оценки и критики.

Во 2019 година Спајс Грлс повторно се собраа за да го одржат 13 тадионски концерт во Ирска, но Пош Спајс не дозволила да биде убедена.

-Со задоволство би се фокусирала на семејството и фирмата, рекла тогаш не придружувајќи се на четворката на турнејата, а во прашање е и нејзиниот интерес за новиот филм за кој сонуваат останатите четири членки на групата која во текот на 90-тите стекна планетарна слава.

Извор: Index.hr

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.