ММС

Објавено на: 05/4/21 8:25 PM

(ВИДЕО) Над 200 Македонци отидоа во Врање по вакцини, па направија журка

Денеска пред Спортската сала во Врање група Македонци изведоа перформанс во знак на благодарност, а на службените лица и новинарите им поделиле подароци и бонбониери.

Втората доза од вакцината на пунктот во врањската Спортската сала денес ја примиле преку 200 Македонци, меѓу кои и здравствени работници и новинари, а од почетокот на акцијата во април некои од достапните вакцини примиле стотици Македонци кои се јавиле во Српскиот културен информативен центар Спона.

Собраните Македонци, облечени во маици „Хвала Србијо“, на скалилата на влезот на Спортската сала извеле краток „културно-уметничка“ програма, додека останатите членови на присутните службени лица и новинари им поделиле подароци и бонбониери.

Извор: Нова.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.