ММС

Објавено на: 05/4/21 7:07 PM

Сонував да имам две ќерки – Влатко Миладиноски среде корона по втор пат стана татко, сега се радува на две принцези

Да бидеш татко на две ќерки, на две принцези е богатство. Не само затоа што за таковците на ќерки велат дека си мајстор, туку затоа штои велат дека ќерките повеќе се грижат за родителите.

Среќата да се радува на две ќерки ја има и фолк пејачот Влатко Миладиновски, кој со сопругата Кристина веќе ја имаа Илина, (3.5) а од пред Велигден ја добија и малата Андреа. Сега Влатко ќе ужива меѓу неговите три принцези.  Во ова лудо корона време не им било лесно на Влатко и Кристина, со која се во брак веќе пет години, да ја дочекаат радоста со раѓањето на Андреја. Стравот постои кај сите, па и кај нив, иако се труделе да се заштитат и да живеат нормално.

-Немавме многу страв, затоа што се излиравме во викендичката, се одалечивме од секојдневнити бројки на починати и заразени. Тоа е нашето секојдневие и не може да се издржи одвен да го прескокне, некако да се побегне. Ете ние побегнавме на викендица ама џабе, короната дојде и таму, не најде.

За среќа поминавме многу лесно и  сите бевме во изолација. Навистина веќе една година живееме на викендица, која се наоѓа под селото Јаорец, кичевско, покрај река Студенчица, вели Влатко.

За среќа поминале со лесно и, како што вели, се радува што е татко на две ќерки.

-Никогаш не сум бил неодговрен, но сега сум дупло од тоа.  Ми се исполни сонот да имам две ќерки. Навистина сум слушнал и јас дека велат дека ќерките за родителите се грижат повеќе, но не знам и не можам тоа сега да го кажам. Нека пораснат, па ке видиме дали е така, вели тој.

Влатко и Кристина се по потекло од Кичево, но судбината сакала двајцата кичевчани да се запознаат во Охрид.

-Да малку интересно што и двајцата сме од Кичево а се запонавме во Охрид. Заедно бевме неколку години, а веќе од 2016 сме во брак. Бракот не ми го смени многу животот, бидејќи Кристина има разбирање за мојата работа. Покрај, се разбира љубовта меѓу нас, голем удел има и нејзиното разбирање и поддршка за мојата работа, вели тој и додава:

-Годинава помина без работа, но живееме многу релаксирано и опуштено. Короната не научи сите, па и нас дека кога се има треба да се штеди, бидејќи кога се нема,  нема што да се штеди. Така не учеа старите.  Ама некако ваквиот начин на живот и ни беше потребен. Живееме мирно на викендица,  хоби ни е шетање низ природа, на воздух, а имаме и куче, вели Влатко.

Годината на корона најмногу ги загрози естрадните уметници, кои ниту имаа настапи, ниту, пак, можеа да заминат на турнеи, од каде доаѓаше и најголемиот приход. Но, Влатко, како и некои негови други колеги времето на неработење го искористи за снимање на нови песни.

ВлВВ

Влатко и Златко со децата

-Снимив 7-8 видеа со стари македонски народни песни со оркестарот на  брат ми Златко, а имам и две нови песни.  Едната песна се вика „Виена лоза“ и ја објавив пред Велигден, за неа деновиве ќе снимам и спот.  Турнеите, секако дека ми недостасуваат ама и таму е ваква состојбата. И ним и мене ни недостасува дружбата. Сите сме во исчекување да се врати стариот начин на живот и се надеваме тоа да биде што побргу, вели пејачот.

Весна Миленковска

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.