ММС

Објавено на: 05/4/21 7:25 PM

Зошто имунитетот „полудува“ од корона?

Тешките респираторни симптоми на Ковид-19 се должат на активноста на одредени имунолошки клетки, што може да предизвика долгорочна пневмонија.

Александар Мишарин од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис и неговите колеги анализирале течност од белите дробови на 88 лица со тешко воспаление предизвикано од коронавирус.

Повеќето од нив имале и висок број на одреден вид на Т-клетки, кои припаѓаат на клетките на имунолошкиот систем и се клучни за одбрана од инфекцијата. Научниците откриле дека речиси 70 отсто алвеоларни макрофаги, имунолошки клетки кои се наоѓаат во малите воздушни вреќички на белите дробови, содржат вирус SARS-CoV-2.

Наодите сугерираат дека кога еднаш вирусот ќе дојде добелите дробови, може да ги из=нфицира микрофагите, кои реагираат на воспалените молекули кои привлекуваат Т-клетки. Т-клетките произведуваат протеин кој стимулира макрофаги да создаваат уште повеќе воспалени молекули.

Упорното воспаление на белите дробови може да доведе до последица опасна по живот и во принцип објаснува во телото после ковид инфекцијата доаѓа до цитокинска бура која го разорува целиот организам.

Што е цитокинска бура?

-Тоа е претерана реакција на нашиот имунолошки систем на присуството на антигени, во овој случај вирусот корона. Цитокини се мали протеински молекули кои можеме да ги гледаме како пренесуваат информации, меѓу клетките кои го чинат нашиот имунолошки систем. Тие клетки се лимфоцити, моноцити, еозинофили, макрофаги, и бројни други. Даѓа до хиперпродукција на овие клетки кои лачат се повеќе цитокини и доаѓа до хиперинфламаторна бура, објаснува за Нова.рс д-р Дејан Жијовиќ.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.