ММС

Објавено на: 05/4/21 5:33 PM

Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја, рече Борисов

По повод 118-годишнината од смртта на Делчев, премиерот во оставка на Бугарија Бојко Борисов на Фејсбук напиша дека Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја која е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, јави дописникот на МИА од Софија.

– Денеска се одбележуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одриснко. Нека неговата жртва биде пример за нас …, час побрзо да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечен му спомен!, наведува Борисов.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1