ММС

Објавено на: 05/4/21 5:09 PM

Која е Мелинда Гејтс и зошто сега се разведува од Бил – за се е виновна една жена

Мелинда Гејтс има 56 години, жена е на Бил Гејтс, мајка на три деца: Фиби, Роби и Џенифер.

Во светските кругови е позната како голем добротворец. За Мелинда велат дека рамноправно учествувала со Бил в изградбата на царството наречено „Mikrosoft“ од 1987 година. Бидејќи парот нема предбрачен договор, се смета дека стекнатото богатство ќе биде споделено на два еднакви делови.

Се зборува дека Мелинда добила желба за развод во оној момент кога Макензи Скот, некогашната Безоз, се развела од Џеф Безос, кој и бил неверен.

Макензи сега е „тешка“ 60 милијарди долари, а минатата година донирала 6 милијарди долари во добротворни цели.

После разводот Макензи се поврзала со средношколската љубов и се венчале оваа година во март со Дан Џавет.

Мелинда и Макензи се здружиле и почнале нов зафат под името „Еднаквоста не може да чека“, која има за цел финансирање на компании кои имаа женско влијание и права на жената.

Бидејќи и двете имаа доста заедничко, се смета дека всушност животот на Макензи и искуството ја натерале Мелинда да се разведе.

Седум интересни детали за Мелинда Гејтс:

1.Не планирала да работи во Мајкрософт – После завршувањето на Универзитетот и било понудено да работи во ИБМ, но и во Мајкрософт. Кога отишла на разговор во ИБМ, менаџерката и предложила сепак да оди во Мајкрософт, бидејќи таму поголеми се шансите за напредување. Така Мелинда се вработила како маркетинг менаџер во Мајкрософт.

2.Технологијата секогаш била важен дел од животот на Мелинда.

3.Мелинда е копретседателка на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс – Фондацијата е една од најголемите светски добротворни организации, а е основана во 2000 година. Мелинда открила во една прилика дека оваа организација започнала после посетата во Африка во 1993 година.

-Не погоди крајната сиромаштија и луѓето кои живеат таму. Почнавме да поставуваме прашања. Дали мора да биде вака?

Мелинда предводела повеќе милионски донации. Неодамна на Универзитетот Емори дала грант од 180 милиони долари за финансирање на истражување на смртноста кај децата.

4.Мелинда планирала своето богатство да го подари во добротворни цели

5.Добитничка е на претседателски медал за слобода

6.Компанијата на Мелинда инвестирала во претпријатија кои се залагаат за платено породилно отсуство, пружаат примарни услуги за ментално здравје на тинејџерите и имаат за цел да ги срушат родовите разлики.

7.Мелинда е на шестото место на најмоќна жена во светот на листата на Форбс.

Извор: Стил.курир.рс/Фото: Профимедиа

Преведено:М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.