ММС

Објавено на: 05/4/21 3:51 PM

Германската полиција разби една од најголемите светски платформи за детска порнографија

Германската полиција разби на „даркнет“ една од најголемите платформи за детска порнографија на светот и уапси четворица нејзини членови, соопшти денес Федералниот криминалистички полициски уред (BKA), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тројца Германци се обвинети дека како администратори управувале со платформата „Boystown“.

Во соопштението се наведува дека еден од осомничените германски државјанин е меѓу најактивните корисници на порталот, кој имаше повеќе од 400.000 членови и повеќе од 3.500 објави.

Германските власти ги уапсија осомничените во средината на април и оттогаш се во притвор.

Пред апсењето, истражителите на Федералниот криминалистички полициски уред (BKA) и Јавното обвинителство во Франкфурт пребараа и седум адреси во три германски покраини на Северна Рајна-Вестфалија, Баварија и Хамбург.

Во исто време, уште еден осомничен член на бандата е уапсен во Парагвај на барање на германските органи за спроведување на законот, соопшти Федералниот криминалистички полициски уред (BKA).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.