ММС

Објавено на: 05/4/21 1:35 PM

(ФОТО) Започна масовната вакцинација во Битола – пријавени вкупно 18.000 граѓани од регионот

Денеска во вакциналниот пункт во Битола кој се наоѓа во спортската сала на Медицинското училиште во Битола, започна вакцинацијата која ќе опфаќа граѓани од пет општини: Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод. Вкупно пријавени за вакциналниот пункт во Битола се околу 18.000 граѓани, додека за денешниот ден има 910 термини. Од утре до петок се предвидени по 950 термини дневно. Оваа недела се вакцинираат повозрасните граѓани.

Граѓаните велат дека пандемијата со коронавирусот може да се победи само со вакцинација.

Директорката на Здравствен дом Битола, д-р Весна Спирковска апелира граѓаните да се пријавуваат на вакцинација.мк.

-Во имунизацијата се вклучени над 100 луѓе, 25 медицински тимови, лица задолжени за административните работи и волонтери од Црвениот крст. Ќе се вакцинираат само оние граѓани кои се пријавиле на системот вакцинација.мк. и здравствени работници од регионот кои ја немаат завршено имунизацијата. За нив ќе се определи посебен пункт  и со посебни потврди на кои ќе биде наведено од која здравствена институција се и на кое работно место работат, рече д-р Спирковска.

 

 

Маја Богоевска

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.