ММС

Објавено на: 05/4/21 12:12 PM

УЕФА реши да им олесни на селекциите: На Европско првенство со проширени состави

Од Нион пристигнуваат позитивни вести за репрезентациите кои летово ќе настапат на Европското првенство, вклучувајќи ја и онаа на Македонија. Европската куќа на фудбалот донесе одлука за промена на стандардните правила во однос на списокот на фудбалери со кој располагаат селекторите, со цел да им се излезе во пресрет и на двете страни.

„Корона“ фудбалската сезона, згуснатиот клупски, но и репрезентативен распоред и неверојатниот број на одиграни натпревари во една календарска година, ја натера УЕФА да додаде уште три места во секој состав на учесниците на претстојниот европски собир. Сега, наместо досегашните 23 фудбалери, селекторите ќе може да поведат со себе 26.

Друга значајна промена вредна за споменување е можноста да се заменат голманите пред секој дуел, доколку почувствуваат некаква потешкотија или објективно се попречени да излезат на терени.

Еурото започнува на 11 јуни и ќе трае 11 јули годинава, а таму македонската фудбалска репрезентација за првпат ќе дебитира помеѓу великаните на „стариот континент“. Титулата ќе се обиде да ја одбрани првакот од пред пет години, Португалија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.