ММС

Објавено на: 05/4/21 11:25 AM

Започна масовната вакцинација во Кавадарци

Масовната вакцинација против ковид -19 за жителите на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман, Градско, Велес, Валандово и Гевгелија започна од денеска. Регионалниот вакцинален  пункт е лоциран во спортската сала „Јасмин“. Вчера попладне пристигнаа 5100 дози од кинеската вакцина „Синофарм“. Вакцинацијата на првиот ден се одвива без проблеми, потврди директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев.

„Планирано е дневно да се вакцинираат по 1000 пациенти. Денеска започнавме од 10 часот, а од утре се почнува од 8 часот до 20 часот. Нашите здравствени работници ќе бидат распоредени во две смени. Благодарност во ЈЗУ Општа болница Велес и Здравствен дом Неготино кои партиципираат со доктори и медицински сестри во овој процес“ изјави д-р Диме Коцев.

Во спортската сала се поставени 20 кабини каде се изведува вакцинирањето. За да бидат вакцинирани граѓаните потребно е да се пријават на веб страната вакцинација.мк.

 

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.