ММС

Објавено на: 05/4/21 10:44 AM

(ФОТО) Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас” во Скопје.

Oд Владата велат дека сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.