ММС

Објавено на: 05/4/21 10:42 AM

Умре другарот Тито – Неговиот погреб погледан и од слетувањето на Месечината

 

– Умре другарот Тито, со овие едноставни зборови на водителот на Југословенската телевизија, на денешен ден пред 41 година заврши еден голем историски период на Балканот, а започна вовед на пропаст на Југославија и секоја од државите наследи поединечно.

Со години луѓето точно во 15:05 стоеа мирно, додеа сирените свиреле, за да се сетат на моментот кога Тито умре во Љубљана .

Некако, кога сиренте престанувале да се огласуваат, почнаа да се огласуваат други сирени, оние кои најавуваа бомби, како оние кои се фрлаа едени кон други, така и оние на НАТО кои ги фрлаа врз Србите.

Јосип Броз Тито, доживотен претседател на СФРЈ и Сојуз на комунистите, почина на 4. мај во 1980 година во Љубљана во 15 :05 часот. Тој имал 88 години, но последната година дена бил во државна посета во Кувајт, Румунија, Советскиот сојуз, Сирија, Јордан, Алжир, Либија, Малта и Куба.

Погребната церемонија на Јосип Броз Тито е најгледано ТВ случувањеа на 20 век, по слетувањето на Мисијата на Аполо 11 на Месечината.

Објавата за смртта на Тито била во 18:50 откако ја прекинале телевизиската програма во која спикерот со солзи на очите ја прочитал објавата за смртта на претседателот.

Норвешка поради смртта на Тито прогласила петдневна национална жалост.

 

Извор: Еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.