ММС

Објавено на: 05/4/21 8:47 AM

Метеж за влез во главниот град: Скопјани се враќаат од туристичките места

Метеж за влез во Скопје по продолжениот празничен викенд. Главниот град беше речиси испразнет изминативе денови, а пандемијата не ги спречи граѓаните да ги искористат натпросечните температури за да го поминат слободно време на друго место. Туристичките места се преполнија уште од четвртокот, а дел од граѓаните кои заминаа се вратија во Скопје вчера во попладневните часови непосредно пред почнувањето на полицискиот час.

Имаше и такви кои се вратија претпладнево, поради што метежот беше повторно очигледен. Колони возила, бавно одвивање на сообраќајот, па и нетрпеливост кај дел од возачите беше сликата која утрово се создаде во Скопје по завршувањето на празничните денови и отпочнувањето со нови работни обврски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.