ММС

Објавено на: 05/3/21 6:16 PM

По летните температури, следува ладен туш

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен претежно јужен ветер, а повремено засилен долж Повардарието. Температурите најпрвин ќе бидат нешто пониски, потоа благо ќе се покачат кон следниот викенд. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.