ММС

Објавено на: 05/3/21 3:19 PM

Од утре масовна вакцинација во Тетово

Денеска во вакциналниот пункт во спортската сала на Средното медицинско училиште Никола Штејн во Тетово се одржа генерална проба пред утрешната масовна вакцинација.

За вакцинацијата ќе бидат задолжени 40 медицински сестри, а ќе има 10 доктори за консултација во врска со имунизацијата, која ќе се врши од 8 до 20 часот

-Граѓаните да се пријавуваат навреме на термин, да не се создаваат гужви. Имаме 20 пункта, тука ќе стои и амбулантно возила за во секој случај да треба да интервенира, ако има некоја компликација. Во Тетово до сега има пријавено 11 000 граѓани за вакцинација, но процедурата за пријави ќе трае и понатаму.Вакцините ќе пристугнуваат етапно. Министерство најави дека сите вакцини се дозволени од СЗО, така можат да кажам дека сите се безбедни. Тука ќе има соодветни фрижидери каде ќе се чуваат вакцините, ние ги имаме сите потребни фрижидери, истакна Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово

Пунктот во спортската сала на средното медицинско училиште Никола Штејн  е регионален. Тука ќе треба да се вакцинираат сите жители од полошко

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.