ММС

Објавено на: 05/3/21 2:18 PM

Детали за мртвата жена во Охрид – Што се случило?

Жената која утрово беше пронајдена мртва пред ортопедската болница во Охрид и биле костантирани телесни повреди на главата.

Според информациите од СВР-Охрид, утрово во 8:20 часот С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

Екипа на крим-техника на СВР-Охрид извршила увид на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Истрагата и обдукцијата ќе ги утврди околностите и причините за настапувањето на смртта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.