ММС

Објавено на: 05/3/21 12:10 PM

Несреќа на Велигден – Три девојки пренесени во болница

Несреќа во скопското село Црешево, повредени три девојки откако излетале од патот со автомобилот „тојота јарис“, информираат од министерството за внатрешни работи.

-На 02.05.2021  околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Црешево, скопско, К.П.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Н.(19) од Скопје, додека со телсни повреди се здобила К.Д. и сопатничката Д.Т.(20), констатирани во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“, велат од МВР

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.