ММС

Објавено на: 05/3/21 10:01 AM

Мирно утро во Галичник

Шумски пожар беснееше вчера над селото Галичнк, за среќа по неколку часа беше ставен под контрола

Месната заедница Галичник на својот Фејсбук профил информираше дека утрово е мирно.

– Добро утро Галичани, утрово во Галичник е мирно.
Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК.
Утрово извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати.
Ве поздравуваме и Ви посакуваме спокоен втор ден Велигден!, стои во објавата на Месната заедница на Галичник

Пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1