ММС

Објавено на: 05/3/21 9:11 AM

Уживајте во сонцето уште денеска, од утре нова промена на времето

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 21 до 30 степени.

Во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максимнална температура ќе достигне до 26 степени.

Од утре  времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски во споредба со претходните денови. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.