ММС

Објавено на: 05/2/21 7:05 PM

Велигденски подарок од Кире Лазаров и ракометарите – Македонија го потврди пласманот на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација со победа над Швајцарија од 29:28 го потврди пласманот на Европското првенство, седми во својата историја и на најголемиот христијански празник Велигден им донесе нова радост на фановите.

Македонија покажа дека под палката на селекторот Кирил Лазаров изградила победнички менталитет иако во првото полувреме гостите го диктираа темпото на игра и резултатот.

Во вториот дел Македонија заигра поцврста одбрана, Никола Митревски со 10 интервенции им даде ветер во грб на соиграчите и победата беше неизбежна.

Филип Кузмановски и Кирил Лазаров постигнаа по шест голови, Гоце Георгиевски имаше четири од кои три во клучните моменти од натпреварот.

Македонската репрезентација во Групата 7 на конечната табела завршува на втората позиција со 10 бодови, колку што има и провпласираната Данска, но актуелниот светски и олимписки шампион е пред нас поради подобриот скор во меѓусебниот дуел.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.