ММС

Објавено на: 05/2/21 8:50 PM

Ослабе 30 килограми и се разголе – Фановите воодушевени од актерката Ребел Вилсон

Актерката Ребел Вилсон за само една година целосно го промени својот изглед и имиџ. Изгуби повеќе од 30 килограми, го промени стилот на живеење и почна да се појавува на социјалните мрежи каде што сега го покажува своето ново и витко тело.

Откако на почетокот на април се одважи и се соблече гола за сончање снимајќи се за Инстаграм, сега Ребел позираше во танга боди.

Таа ослабе многу благодарение на тренинзите и здравиот начин на исхрана. Во 2020 година актерката го исфрли шеќерот од своето мени и цела нездрава храна и се фрли во рацете на тренерот Џон Кастан кој внимателно вежбаше со неа.

– Многу актерки го гледаат вишокот килограми како маана, но јас тоа го гледам како предност. Девојките кои не се слаби подобро проаѓаат во комедииите – често се шегуваше Ребел.

Недолго после тоа ја пронајде љубота во 11 години помладиот милионер Џејкоб Буш, но тоа врската не потрае.

Извор: Vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.