ММС

Објавено на: 05/2/21 3:30 PM

Гори борова шума  над село Галичник, Армијата ќе го гаси со хеликотер

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар  над с. Галичник, околу 13.30 часот ги координирал регионалните центри и локалната самоуправа и заради непристапноста на теренот ја известил и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштиа на Галичник.

Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.

ЦУК истовремено дејствува да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена  е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.