ММС

Објавено на: 05/2/21 12:50 PM

Тажна вест од Хрватска го шокираше регионот – Две бебиња починале од Ковид

Цела Хрватска и балканскиот регион денес ги шокираше веста за две починати бебиња од коронавирус во Осијек.

Двете предвреме родени бебиња починале во болницата во Осијек, јавуваат хрватските медиуми, а двете биле позитивни на Ковид-19.

Како што пренесуваат медиумите,  бебињата имале и други тешки коморбидети.

Во Осијек во последните 24 часа се тестирани 317 примероци одк ои 58 се позитивни на корона ворус. Во текот на последните 24 часа починале осум луѓе од областа на Осијечко-барањската жупанија од кои шест лица се починати од 47 до 91 година, како и двете предвремено родени бебиња.

 

Извор: Mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.