ММС

Објавено на: 05/2/21 1:30 PM

Како да победите во кршење со јајца – Најдобри трикови за велигденскиот обичај

Обичај кај православните верници кои го слават најголемиот христијански празник Велигден во следните три дена е кршењето со фарбани јајца и честопати луѓето се прашуваат како да ги одберат најдобрите јајца за таа традиционалната игра.

Во соседна Србија луѓето веруваат дека најтврдото јајце е она кое кокошката прво ќе го снесе.

Некои веруваат дека прстите треба да се држат што поблиску до врвот на јајцето и да се обидте да бидете што понежни во кршењето од својот противник.

Постојат и луѓе кои веруваат дека јајцето ќе биде потврдо ако се офарба со двојна боја.

Исто така, некои веруваат дека е потребно да се изберат што поостри јајца, да се избегнуваат оние со висој сјај на лушпата и дека не е потребно да се удира силно, туку полека.

Често како заблуда се истакнува дека големите јајца се посилни, па затоа е потребно да се изберат помали јајца со остар и прецизен врв.

Постои обичај некои луѓе да го тестираат велигденското јајце така што ќе го удрат од заб и ако звукот е лесен и висок, тоа значи дека јајцето е цврсто.

 

Извор: Mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.