ММС

Објавено на: 05/1/21 9:02 PM

Чаирската Џон Кенеди ќе се спои со Пластичарска улица

Со склучениот договор за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Чаир и Карпош, Град Скопје ќе започне постапка за изработка на план за улицата Џон Кенеди во Чаир да се пробие низ ромската населба во оваа општина за да се спои со булеварот Никола Карев или познатата Пластичарска улица.  Според предвидениот проект улицата Џон Кенеди ќе продолжи до крстосницата со улицата Македонско косовска бригада до булеварот Никола Карев кај Американската амбасада.

Предвидено е улицата да биде со четири коловозни ленти, со цел да се овозможи побрз проток на сообраќајот во овој дел од градот.

„Пробивањето на оваа улица е дел од визијата и коридорите кои ги градиме во северниот дел од градот, со цел да овозможиме побрз проток на сообраќајот и пократко време за патување. Овој дел од Скопје со години бил запоставуван. Во моментов го прошируваме булеварот Никола Карев, работиме на улицата Македонско-косовска бригада и очекувам годинава да завршиме со проектирање на новата улица и догодина да стартуваат градежните работи. Со тоа ќе заокружиме една целина во овој дел кој години наназад е тесно грло“, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за Сакам Да Кажам.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.