ММС

Објавено на: 05/1/21 5:55 PM

Сонце за Велигден, но од понеделник драстична промена

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди.

Во утринските часови во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 24 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди.

Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со благ пад на дневната температура, додека во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд.

Температурата дополнително ќе опадне уште за неколку степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.