ММС

Објавено на: 05/1/21 4:47 PM

(ФОТО) Луксуз на сите страни – Аца Лукас ужива во пентхаус од 500.000 евра

Пејачот Аца Лукас живее во белградската населба каде сам ги поминува деновите во луксузниот стан, а пред година тој простор го делеше со сопругата Соња.

Како што се шпекулирало во медиумите пентхаусот бил платен 500.000 евра, а судејќи по фотографиите за ентериерот воопшто и не се штедело.

Огромната дневна во која Лукас го поминува најголемиот дел од времето, сместена е во средниот дел од станот. Тука е сместен и белиот клавир, како и клавијатурите на кои Лукас често свири.

Пејачот во една прилика изјавил дека неговиот луксузен стан го опремила неговата поранешна сопруга, додека тој бил задолжен само за плаќање.

– Домот го опреми Соња, јас само плаќав и тоа без приговор. Таа одеше по разни салони, вклопуваше, додаваше, се беше по нејзина желба. И исполнив се она што го замислуваше, затоа и станот толку многу вреди, искрен бил пејачот.

Секој детаљ очигледно е посебно биран по вкусот на Соња, а не е ни чудно што во дневната соба се наоѓа огромен портрет од популарниот пејач. Покрај својот Лукас има и спомени од децата, но и цртежи од својата наследничка Викторија. Во еден дел се наоѓаат и многубројните награди кои Лукас ги добивал за време на богатата и успешна кариера.

– Конечно во својот дом го најдов својот мир, некогаш беше семеен кога во него живееа повеќе луѓе. Сега самувам, и убаво ми е, кажал Аца Лукас.

Во кујната се е на свое место, без премногу детали. Во спалната соба на пејачот на средината има огромен кревет, а на полиците се наоѓаат разни детали како и спомени од најмилите.

– Не сум вешт во кујна, порачувам преку достава се што ми е потребно, признава Лукас.

 

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.