ММС

Објавено на: 05/1/21 5:00 PM

Нема поголема љубов од мајчината – Како Јова слави Велигден со Зои и Картер

-Нема поубаво славење на празниците кога си заедно со најмилите, вели пејачката Јованка Житарова- Јова. Таа како и сите христијани ги направи сите подготовки за да празниците поминат поубаво, во весела семејна атмосфера.

-Јас и моите ангелчиња Зои и Картер празниците ќе ги поминеме заедно со моето семејство во Негототино. Ги направивме сите подготовки, заедно ги вапсавме јајцата, купивме украси и домот на моите родители е веќе е накитен празнично. На овој Велигден на мојата среќа и нема крај. Зои и Картер неколку месеци беа кај татко им, и неодамна си дојдоа кај мама. Нема поголема љубов од мајчината, вели Јова и додава:

-Откако дојдоа не престанавме да се гушкаме. Јас се зажелев за ние, тие за мене. Бакнежи и прегратки пред спиење, бакнеѓи и прегратки за добро утро и така преку целиот ден. Искрено на мојата среќа и нема крај. Посакувам  среќа за Велигден не само кај мене туку и кај сите. Нека празниците ни донесат само убавини, вели пејачката.

Таа вели дека Зои и Картер биле пресреќни кога ги вапсале јајцата.

-Како растат така повеќе разбираат. И минатата година било така, заедно ги боевме јајцата ама со секоја година се се поинтересни. Ги боевме низ игра цел ден, кога завршивме со боење јајца, потоа со смеење сами се боевем. Убавина, да ти се стопи срцето, вели таа.

Јова веќе ги научила Зои и Картер што треба да кажат за празникот и кои се адетите.

-Знаат дека треба да ги кршиме јајцата и знаат дека треба да кажат „Христос воскресе“, додава таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.