ММС

Објавено на: 05/1/21 3:39 PM

Големо апсење на „Џон Кенеди“

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера  уапсени се 15 лица бидејќи биле затекнати како гости во угостителски објект на улица Џон Кенеди во скопската населба Чаир

-На 30.04.2021 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време. Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен и, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.