ММС

Објавено на: 05/1/21 1:37 PM

Бев ранет во тестисите, но му простив на Жарко: Поминаа децении откако Лаушевиќ уби двајца Црногорци

Тепачка во кафуле, убиство на двајца млади луѓе, еден ранет, осуден актер, помилување…Вака накратко може да се опише настанот кој се случи летото 1993 година во едно кафуле во Подгорица. И овие зборови сами по себе укажуваат на една трагедија – трагедија која зави во црно неколку семејства.

Тоа беше случај кој го сврте вниманието на целата јавност во Југославија и стана медиумско случување број еден. Неспорно беше само дека актерот Жарко Лаушевиќ ги уби Драгор Пејовиќ (20) и Радован Вучиниќ (19), а едно лице беше рането. Се’ друго во јавноста стана предмет на шпекуации. Почна и судскиот процес во чии рамки Лаушевиќ во 2001 година беше правосилно осуден на максимална затворска казна од 13 години.

Десет години подоцна тој беше помилуван од тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ. Помилувањето се засноваше на билатералниот договор помеѓу Србија и Црна Горда, кој предвидуваше осудениот да ја издржува во земјата од која има државјанство.

Оваа година во септември навршуваат точно десет години откако Лаушевиќ е слободен човек. Говорејќи пред неколку години за помилувањето, адвокатот на Жарко, Тома Фила изјави дека Тадиќ го помилувал Лаушевиќ со премолчена согласност на Црна Гора, бидејќи тие не реагирале и не издале налог за актерот.

Членовите на семејствата на убиените беа огорчени по објавувањето на веста за помилувањето.

„Мојот син штотуку дојде од војска. Отиде во 1991-та година, а дојде во 1993. И таа 1993 година тој ми загина. И како да реагирам…не можам“, изјави мајката на убиениот Радован, Илинка Вучиниќ.

Во 2011-та година се огласи и братот на убиенот Драгор, Небојша Пејовиќ.

„Сепак тој одзеде два човечки живота. Мојот брат и неговиот другар Радован. Ова е навистина тажно и трагично е во една држава да е осуден, а друга да му даде помилување“, изјави тој.

Од друга страна, ранетиот Андрија Качиќ во 2009-та година изјави дека му простил на актерот. Според Андрија, тоа било трагедија во која ги загубил своите другари Драгор и Радован и тоа за него станало далечно минато.

„Животот оди понатаму и јас денес имам своја среќа. Имам работа, а пред се’ имам два сина, што е најважно, бидејќи по несреќата постоеше дилема дали ќе можам да имам деца, бидејќи бев ранет во тестисите. Далеку потешко им е на оние кои ги загубија децата. Со семејството Пејовиќ не сум во контакт, а  Вучиниќ ми се соседи и знам дека и тие денес си имаат свои животи. Кај нив остана голема болка поради загубата на синот, но сето тоа постепено оди во заборав, таков е животот“, изјави тогаш Качиќ за еден од дневните весници.

Во таа прилика тој напомена дека не сака да се враќа на случувњето, особено во разговори за медиумите, додавајќи дека за Жарко повремено дознавал нови вести.

„Во овој момент јас всушност му простив. Слушнав дека живее во Америка, дека таму има некој живот. Најпрецизно можам да кажам дека сум рамнодушен што се однесува до Жарко Лаушевиќ. Гледајќи го како актер можам да кажам дека исклучително многу го почитував она што тој го работеше и го сакав како уметник“, посочи Андрија во едно од ретките обраќања за медиумите.

 

Фото: Instagram / Žarko Laušević

Извор:  mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.