ММС

Објавено на: 05/1/21 12:54 PM

Вакциналниот пункт во Битола подготвен за масовна имунизација

Регионалниот вакцинален пункт во Битола е подготвен за претстојната масовна имунизација на населението.

Со одлука на Министерството за здравство, а по препорака на Општинскиот кризен штаб, масовната имунизација во Битола ќе се врши во спортската сала на општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи”.

Денеска заврши обележувањето на патеките за движење, поставени се јасни патокази за влез и излез од спортската сала, места за времен паркинг на возилата, клупи за одмор и други средства за непречено доаѓање и заминување од регионалниот вакцинален пункт во Битола.

Според последните информации од Министерството за здравство во Регионалниот ковид-центар во Битола на болничко лекување се 92 лица.

 

Фото:  Архива

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.