ММС

Објавено на: 05/1/21 12:49 PM

Како во старите добри времиња: 3000 луѓе се забавуваа во ноќен клуб во Ливерпул

Љубителите на ноќниот живот во Ливерпул вчера се вратија на подиумите за танцување на првата голема британска журка, од воведувањето на „локдаунот“. Околу 3000 луѓе вчера се забавуваа во еден од ноќните клубови, а тоа ги очекува и денеска.

Всушност се работи за нов проект во кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација која сите учесници на забавата се дојдени со негативен тест.

Не беа потребни ни маски, ниту дистанца. Луѓето се прегрнуваа, бакнуваа, танцуваа едни до други како во старите добри времиња.

„Луѓето почнаа да танцуваат, да се потат, да уживаат. Накратко, се однесуваа како да е се’ нормално“, изјавила девојка која била ден од забавата.

Сепак, забавата траеше од два попладне до единаесет навечер, а пред клубот имаше шатор со истражувачи кои го следеа однесувањето на учесниците.

На некои им беше целосно надреално – порача друга девојка, а според трета, малку било чудно тоа што никој не носел маска.

 

Извор:  blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.