ММС

Објавено на: 05/1/21 10:53 AM

Австралија ги заострува мерките: Пет години затвор за оние кои ќе се вратат од Индија

Во Австралија од понеделник ќе важат нови правила за сите граѓани кои во последните две недели биле во Индија, каде  епидемијата со коронавирусот зема замав. За оние пак, што ќе се вратат, ќе следува парична или затворска казна – пренесуваат медиумите.

Правилата кои забрануваат влез во Австралија за патниците од Индија се однесуваат и на австралиските државјани, а стапуваат на сила в понеделник.

Австралискиот министер за здравство,  Грег Хант најави дека секој кој ќе се обиде да ги заобиколи правилата ќе добие парична казна поголема од 50 илјади долари, пет години затвор, или и едното и другото. Околу 9 илјади Австралијанци во Индија пријавиле дека сакаат да се вратат. Министерот сепак се повика на овластувањата од Законот за биолошка сигурност.

Тамошниот министер за финансии, Још Фриденберг ги отфрли критиките дека е „неодговорно“ да се напуштат граѓаните на Австралија во Индија во момент кога има глобално рекорден број на нови инфекции, бројни смртни случаи и недостиг на медицинска опрема.

„Презедовме драстични мерки за да ја осигураме безбедноста на граѓаните, а она што го гледаме во Индија е многу сериозна ситуација и лекарите ја советуваа Владата да ги воведе овие мерки“, наведе Фриденберг.

„Постапивме според лекарскиот совет“, додаде тој.

Фото:  Илустрација / Freepik

Извор:   b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.