ММС

Објавено на: 05/1/21 9:53 AM

Полицијата приведе 15 лица: Седеле во угостителски објект надвор од дозволеното работно време

Вчеравечер на подрачјето на Бит Пазар  полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник. Тие се лишени од слобода бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди”, кој работел после пропишаното работно време.

Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – соопшти денеска МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.