ММС

Објавено на: 05/1/21 9:22 AM

„Обединети работници“: Први мај мора да ја разбуди заспаната работничка гласа и да ја потсети да се бори

Први мај е многу повеќе од само обичен неработен ден, овој ден е потсетник за малата но исклучително важна победа која што работничката класа ја извојува против сите оние коишто сакаа робовладетелството и грубата експлоатација да продолжи како во самите почетоци на човековата цивилизација – велат од движењето за социјална правда „Обединети работници“.

Оттаму во писмено соопштение, наведуваат дека овој ден е посветен на сите жртви коишто ги направиле работниците, но и на како што додаваат, сите груби кршења на основните работнички потреби кои подоцна прераснаа во права, сите заложби за денес да можеме да имаме подобро општество.

Но, за жал, изминативе години се случува повторно раѓање на работничкото робување поради алчноста на крупните капиталисти кои во желбата за поголем профит уништуваат милион животи. Работниците повторно постепено се доведуваат во положба на потчинетост и зависност, нешто што не смее да се дозволи – се потенцира во денешното соопштение.

Токму овој ден мора да ја разбуди заспаната работничка класа и да ја потсети дека таа МОЖЕ и МОРА повторно да се избори за она што и следува! Само обединета работничка класа може да се избори за своите права – велат од  ,,Обединети работници”.

Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување – порачуваат од движењето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.