ММС

Објавено на: 04/30/21 9:58 PM

(Видео) Најмалку 30 загинати во бомбашки напад во Авганистан

Возило натоварено со експлозив беше активирано вечерва во провинцијата Логар, а најмалку 30 лица загинаа. Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилото натоварено со експлозив било активирано вечерва околу 19 часот по локално време, и предизвикало големи цивилни и финансиски загуби. Од експлозијата, наводно, се оштетени домови и болници.

Најмалку 30 лица се убиени, а во моментов се прават напори за спасување на затрупаните во урнатините.

Медиумите во Кабул објавија дека во инцидентот се повредени околу 70 лица, но има индиции дека оваа бројка ќе расте во текот на вечерта.


Сите жртви на нападот се цивили, а досега ниту една група или поединец не презеде одговорност за нападот.

Во четвртокот вечерта, седум члена на едно семејство беа убиени во напад на талибанците во провинцијата Баглан. Напад на талибанските милитанти е насочена кон куќата на припадниците на безбедносните сили во областа Кињан.

Сите жртви на овој напад биле цивили и млади мажи, кои се во роднинска врска со припадник на безбедносните сили.

Талибанците досега не коментираат никакви инциденти.

Извор: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.