ММС

Објавено на: 04/30/21 7:27 PM

Се погребуваат жртвите од стампедото во Израел – Премиерот најави детална истрага

Семејства во Израел започнаа да ги погребуваат своите најблиски откако синоќа најмалку 45 лица загинаа во несреќа на преполниот православен еврејски фестивал.

Околу 150 лица беа повредени и на фестивалот Лаг Б’Омер, во близина на планината Мерон, кога луѓето беа заробени во преполн премин.

Дозволено е погребување за жртвите кои се идентификувани, а повеќе од 100 лица се повредени, од кои многумина се во критична состојба.

Десетици луѓе го загубија животот при стампедо на верски фестивал во Израел, соопштија здравствените работници, во несреќа што премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече „голема трагедија“.

Според првите извештаи, како што објавија Ројтерс и Танјуг, загинаа повеќе од 40 лица, а над 100 беа повредени, од кои многумина се во критична состојба.

Несреќата се случила кога групи ултраортодоксни Евреи во голем број поминале низ гробот на мудрецот од вториот век, рабинот Шимсон Бар Јоцај, за време на комеморациите кои вклучуваат бдение, мистични песни и танцување, пренесува агенцијата.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети истрага што ќе обезбеди таквата трагедија да не се повтори. Тој го посети местото денес, и по тој повод изјави дека тоа е една од најлошите  катастрофи што ја погодија таа земја.

Според првичните проценки, некои од жртвите се и странски државјани. Израелската авиокомпанија Ел Ал им понуди помош на членовите на семејствата на жртвите кои живеат во странство и кои сакаат да дојдат да присуствуваат на погребот на нивните најблиски во Израел. Недела е прогласена за национален ден на жалост.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.