ММС

Објавено на: 04/30/21 5:04 PM

Двајца затвореници од Идризово физички се пресметале – Едниот е пренесен на Клиника

По претходна расправија во Казнено поправната сутанова  „Идризово“ вчера двајца затвореници физички се  пресметале. Едниот од нив 36 годишен со остар предмет го нападнал и го повредил 27 годишниот затвореник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка тереза“ за укажување лекарска помош.

„Вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово”, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје“, соопштија  од Министерството за внатрешни работи, од таму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.