ММС

Објавено на: 04/30/21 12:49 PM

Новиот најдолг пешачки мост во светот не е за оние со „слабо срце“

Отворен е најдолгиот пешачки мост на светот на северот на Португалија, кој се наоѓа на 175 метри над реката Паива.

Мостот се состои од 127 решеткасти плочи со метална заштитна ограда.

Тој е широк 1,2 метри и е споен со челични столбови во облик на V од страните.

„Иако изградбата на мостот беше завршена пред извесно време, инаугурацијата е важна бидејќи ни овозможува да ги продолжиме туристичките активности“, рекоа локалните власти на отворањето на мостот.

Мостот ќе биде официјално отворен за пешаците во понеделник, но денес, посетителите можеа да одат по него за прв пат.

Таа прошетка трае околу десет минути во просек и за тоа време можете да уживате во фасцинантен поглед на водопадот и кањонот.

Од друга страна, ако се плашите од висина, таа прошетка може да ви изгледа како вечност.

Преземено од: https://nova.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.