ММС

Објавено на: 04/29/21 5:06 PM

Културно-информативниот центар во Тирана може да почне со работа

Официјалното започнување со работа на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Република Албанија, со седиште во Тирана, влегува во последните подготовки, известуваат од Министерството за култура.

Центарот е резултат на потпишаната Спогодба помеѓу нашата влада и советот на министри на нашиот сосед, со цел да се унапредат и продлабочат културните соработки.

-Центарот е сместен во непосредна близина на Градскиот парк, локација што овозможува видливост и интенција за поголема посетеност на културните настани. Директор на КИЦ-Тирана, е  Златко Ориѓански. Во моментов, во соработка со графичкиот уметник Зоран Кардула,   интензивно се работи на  внатрешно уредување на просторот,  а директорот Ориѓански најавува реализација на разновидна  културна програма, што ќе придонесе за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи во културата помеѓу двете земји, стои во соопштението на министерството.

Отворањето на КИЦ во Тирана се реализира со поддршка на Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи, односно  Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, со што се потврдува дека меѓународната презентација е еден од приоритетите на културната политика на РСМ.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.