ММС

Објавено на: 04/29/21 4:13 PM

Maлолетно момче oд Скопје повредено во физичка пресметка со три лица

Седумнаесетгодишник во текот на вчерашниот ден бил нападнат и повреден со остар предмет на ул.„Македонско-Косовска бригада“ во Скопје, соопштија од СВР Скопје.

-На 28.04.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник со убодна рана од остар предмет. Според неговиот исказ, околу 20.30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада” бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана, велат од полицијата.

Се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.