ММС

Објавено на: 04/29/21 3:08 PM

Илон Маск и Мајли Сајрус одлучни – „Заминуваме на Месечината заедно“

Сопственикот, директор и дизајнер на „СпејсИкс“ и „Тесла“ – Илон Макс и поп ѕвездата Мајли Сајрус ќе бидат дел од познатото шоу Saturday Night Life (SNL). Во најновото издание на шоуто Маск ќе биде во функција на водител, додека пејачката ќе  настапи со неколку од своите најактуелни хитови.

Непосредно пред шоуто, Маск и Мајли разменија неколку твитови кои го привлекоа вниманието на јавноста. Сето ова започна откако извесен фан твитна фотомонтажа од Маск како лик од спотот на Мајли за песната „Wrecking ball“ предложувајќи дека би било интересно овие двајца да соработуваат за нова вселенска мисија. На ова Маск не остана рамнодушен па се насмеа и одговори „Можеби сепак и има простор за соработка, хаха.“

Секако дека овој краток твитер разговор не помина без Мајли, па пејачката додаде „Јас сум за ако си и ти @ИлонМаск. #МаскИмајли заедно на месечината“, се пошегува пејчката.

Патувањето на месечината на овие двајца е неизвесно, освен ако Маск не се надмине себеси па  отвори туристичка сезона на Месечината. До тогаш, го очекуваме прво нивниот заеднички настап на SNL кој е најавен за 8 мај.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.